Наскоро најмоќниот Golf во историјата – 400 КС и максимални 280 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе подолго време се шпекулира за можната премиера на новата, осма генерација од моделот Golf, но за жал на љубителителите на овој модел, се уште нема никакви најави околу премиерата. Иако не се очекува радикална измена на екстериерниот дизајн, сепак се чини дека овие љубители има и за што да чекаат.

Интернет сајтот Autocar пренесува дека по откажувањето на проектот Golf R400, германскиот производител веќе активно работи на новиот проект наречен R Plus благодарение на кој осмата генерација ќе прерасне во најмоќната во долгогодишната историја на овој модел.

Шпекулациите покажуваат дека оваа спортска изведба на новата генерација на Golf ќе располага со 2.0 литарски турбомотор кој ќе развива помеѓу 380 и 400 КС. Благодарение на новоразвиената 4Motion технологија, погонот на сите тркала како и седум степенскиот менувач, овој автомобил до 100 км/ч ќе развива за само 3,9 секунди, а маскималната брзина ќе изнесува 280 км/ч.

Точниот датум на премиера останува непознат, а се очекува ценовно овој модел да биде на исто рамниште како и Audi RS3 Sportback.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK