Најдолгиот електричен автобус во светот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Кинеската компанија BYD лансираше модел на електробус K12A, нарекувајќи ја машината долга 27 метри „најдолг електробус во светот“. Капацитетот на новата кинеска творба за градски транспорт е 250 луѓе, а максималната брзина на движење е 70 км/ч. Конструкцијата на машината е целосно алуминумска и користи сопствен развој на BYD за акумулаторите, моторите и ја контролира електрониката.

Во прилог на BYD соошштија дека тоа е и првиот електробус во светот контролиран со погон 4WD, која може да ја менува работата непречено во два режими: погон на две тркала, 2WD и на четири – 4WD во зависност од различните терени. Системот, исто така, помага да се намали потрошувачката на енергијата на електричниот автобус.

„BYD одново демонстрираше употреба на сопствени технологии, здрави производи и иновациски решенија за решавање на сериозни проблеми на градовите во однос на нечистотиите и преоптовареноста на движењето. К12А има нулта емисија и на патниците им предлага мирно и тивно патување без одвојување на вредности и истовремено нуди сериозна заштеда на операторите на градски транспорт“, вели Стела Ли, која е потпретседател на BYD.

Новиот електробус има DC и AC приклучоци за полнење, кои можат лесно да се користат во зависност од потребите на корисниците. Со едно полнење на акумулаторите електробусот може да помине 300 километри, што е сосема доволно за целодневна работа во градски услови.

Досега BYD има доставено над 50.000 целосно електрични автобуси на партнери низ целиот свет.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK