Европската комисија за безбедност на транспортот (ETSC) објави дека според преддоговор на Европскиот парламент и комисијата од 2022 година сите нови автомобили, лесно товарни возила, камиони и автобуси ќе излегуваат од фабрика со сериозно зголемен сет на системи за активна безбедност како дел од стандардната опрема.
Новата зделка, која треба да биде усвоена од страна на Европскиот парламент предвидува воведување во стандардната опрема на превозните средства на редица на системи, кои во моментов не се нудат или се достапни како дополнителна опрема.
Тука се вклучени системот за автоматско активирање сопирачките со функција за препознавање на пешаци и велосипедисти, интелигентни ограничувања на брзината, можност за вградување на алкохол-тестери кај камионите, црни кутии (Electronic Data Recorder), кои чуваат важни информации во случај на сообраќајна несреќа и друго.
„Во последните педесет години има само неколку моменти кои би можеле да ги опишеме како огромни скокови кон подобрување на патната безбедност во Европа. Ако на новиот договор биде дадено зелено свето, тоа ќе претставува друг од тие моменти, кои ќе спречат 25.000 смртни случаи за 15 години после влегувањето во сила“, вели Антонио Авеносо, кој е извршен директор во ETSC.