И тоа се случи – Ferrari ќе ги повлече сите автомобили произведени 2017 година

ОБЈАВЕНО НА:

Последните години сме навикнати да гледаме најразлични повлекувања на возила. Ford, Volkswagen, Jeep, Toyota, Honda се само дел од производителите кои најчесто се приморани да повлечат дел од продадените нови автомобили.

Сепак последната вест која доаѓа од САД е изненадување за многу. Италијанскиот луксузен спортски производител Ferrari ќе мора да ги повлече сите продадени нови автомобили во 2017 година.

Вкупно 582 автомобили од моделите GTC4Luso и GTC4Luso T ќе бидат повлечени поради преголемиот напон во системот за затворање на вратите што може да доведе до ситуација вратите да не може да се затворат. Дел од овие модели како и моделите LaFerrari Aperta, GTB, 488 Spider, 812 Superfast и 488 Pista ќе бидат повлечени поради проблеми со испарувањето на бензинот што може да доведе до појава на пожар.

Според неофицијални информации, со ова повлекување на автомобилите ќе бидат опфатени вкупно 2,723 произведени автомобили во календарската 2017 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK