Најголем интерес на штандот на Peugeot на саeмот во Женева несомнено предизвика концептот 508 Sport Engineered.
Станува збор за модифицирана изведба од основната 508-ka претставена минатата година која располага со електрифициран погон. Така овој автомобил го придвижува PureTech 200 1.6 литарски бензински мотор кој доаѓа во комбинација со два електрични мотори.
Првиот е сместен на предниот дел од автомобилот и развива моќност од 110 КС, додека другиот кој продуцира 200КС е сместен на задниот дел од автомобилот. Бензинскиот и првиот електричен мотор се задолжени за придвижување на предната, а другиот електрилчн мотор за задната осовина.
Поради големиот интерес, шефот во Peugeot, Жан Филип Импарато потврди дека овој концепт ќе добие и официјално продукциска верзија. При тоа Импарато не откри кога ќе се случи тоа и колку промени ќе има во однос на концептот.