Centoventi – автомобилот на иднината на Fiat

ОБЈАВЕНО НА:

Кој рече дека Fiat не размислува за својата иднина? Centoventi е концепт моделот кој италијaнскиот производител го претстави на саемот во Женева, а кој ќе биде централен во електричната иднина на брендот.

Овој концепт е изненадување за многумина бидејќи не беше претходно најавен, а доаѓа за одбележувањето на 120 годишнината на брендот.

Со должина од 3,680 мм, висина од 1,527 мм и ширина од 1,740 овој автомобил со меѓуоскино растојание од 2,430 мм ги има сите предуслови за нов бестселер на италијанскиот производител. Централно место зазема електричниот мотор кој со фабричката батерија достигнува автономија од 100 км. При тоа постои можност да се додадат и дополнителни батерии со што автономијата би се зголемила за уште 100 км.

Овие батерии ќе може да се купат или изнајмат преку дилерската мрежа на Fiat.

Fiat Centoventi koncept

На ентериерот доминираат браниците направени од пена која ги апсорбира гребаниците и се отпорни на уддари. Нивната 3D текстура истовремено додава и одличен екстериерен изглед.

Fiat Centoventi koncept

Ултра модерната внатрешност е со препознатливи елементи за Fiat. Фенси и со модерна технологија каде централно место зазема 20 инчниот дисплеј именуван како Лингото (по фабриката Лингото во близина на Торино).

Засега од FCA не откриваат кога планираат да го комерцијализираат овој концепт, а според реномираните авто магазини, овој модел треба да дојде како замена за Fiat Panda кон крајот на 2021 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK