Следната генерација на Leon на платформа на Golf и хибриден погон

ОБЈАВЕНО НА:

И додека сите се во исчекување на премиерата на новата генерација на Golf, Volkswagen Групацијата интензивно работи на развојот и тестирањето на новата генерација на моделот Leon на Seat.

Кон крајот на минатата година се поајвија првите фотографии од маскираниот Leon, а сега се полека се појавуваат и првите официјални информации поврзани со овој модел.

Она што со сигурност се знае е дека новиот Leon се темели на MQB платформата на Volkswagen истата онаа која се користи и кај најновата генерација на Golf. Покрај основните бензински и дизелски мотори новитет е 1.5 литарскиот TSI мотор со хибриден погон. Тука е целосно новиот систем за кочење, новите LED светла како и внатрешноста која се очекува да биде инспирирана од моделот Terraco.

Истовремено од Seat потврдија дека работат и на првите целосно електрични модели кој ќе се базираат на MEB платформата на која се базира и хечбек изведбата на VW I.D. моделот кој ќе дебитира на саемот во Женева месецов.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK