Во страотна сообрќајна незгода што се случи во Јоханесбург (Јужна Африка) во целост настрада нов Ferrari California кој при тоа се преполови на два дела, пренесуваат јужноафриканските медиуми.
Според интернет сајтот IOL незгодата се случила изминатиот викенд, а според полицискиот извештај возачот немал никакви повреди додека совозачот поради мали повреди бил хоспитализиран во блиската болница.
“Извештајот покажува дека возачот изгубил контрола врз возилото поради влажниот коловоз и при тоа се забил во столб. Возачот заврши без повреди додека совозачот со минимални” стои во полициското соопштение.
Најмногу од незгодата настрана автомобилот кој беше преполовен буквално на два дела отпаѓајќи предниот дел од останатиот дел од автомобилот.