Скандалот поврзан со издувните гасови од дизелските агрегати никако да прекине. По Volkswagen и FCA, на мета се најде и Daimler.
Како што пренесуваат германските медиуми, обвинителството во Германија започнало истрага против овој производител поради лажирање на издувните гасови.
Оваа истрага следи откако минатата година германското министерство за транспорт кај 774.000 Mercedes-Benz автомобили пронајде уреди кои го прикриваат зголеменото продуцирање на штетни емисии. Поради тоа околу 200.000 автомобили беа повлечени од Германија.
Во моментов сите доказни материјали се во рацете на обвинителството во Штутгарт, а не е јасно колку финансиски оптоварувања ќе има Daimler доколку биде во целост виновен. Истовремено преку барата, во САД, Environmental Protection Agency (EPA) и California Air Resources Board (CARB) започнаа истрага врз наодите на германското обвинителство.