Toyota Prius C заминува во историјата

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај тоа што хибридните автомобили бележат тренд на зголемување на популарноста, јапонскиот производител Toyota одлучи да ја намали понудата на хибридни возила укинувајќи го моделот Prius C.

Prius C во светот на Toyota дебитираше во декември 2011 година откако порано истата година беше претставене и концептот на саемот во Токио. Идејата беше овој автомобил да се позиционира класа под регуларниот Prius, а беше понуден како евтин хибриден автомобил.

За кратко започнува да се произведува во речиси сите региони во светот, а за овие нешто повеќе од седум години продаден е во над 1,4 милиони примероци.

Сепак и покрај тоа, Toyota се одлучи на ваков чекор, а при тоа од компанијата потврдуваат дека местото на Prius C во понудата нема да биде пополнето од нов модел туку сите активности ќе се насочат кон популаризација на хечбек изведбата на Corolla Hybrid.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK