Светскиот интернет гигант Amazon следејќи ги стапките на Apple, Yahoo и Google влегува трката на електрични возила.
За разлика од наведените компании, Amazon има големи амбиции, а тоа може да се утврди од фактот што компанијата веќе започна со реализацијата на инвестицијата од 700 милиони долари насочени кон компанијата Rivian која во моментов работи на развојот на првиот електричен пикап како и останати SUV возила.
Во американските медиуми нема многу информации околу оваа инвестиција, но со сигурност се знае дека компанијата од Плимут, Мичиген и по реализацијата на инвестицијата ќе остане независна компанија. Нема воопшто ниту информации колкав дел од сопственоста во вид на акции ќе добие Amazon, а се шпекулира дека во оваа инвестиција “друштво” на Amazon ќе прави и General Motors кој ќе инвестира исто така свеж капитал во оваа компанија.
Инаку Rivian во ноември минатата година го претстави R1T пикапот како и R1S SUV моделот, а комерцијализацијата на овие два модели се очекува да се случи на почетокот на следната година.