Новиот Audi Q3 ја доби наградата „Best Cars 2019“

ОБЈАВЕНО НА:

Компактниот SUV победи помеѓу 56 конкуренти во својата категорија

Новиот Audi Q3 се етаблира како победник веднаш откако се појави на пазарите, oсвојувајќи ја првата награда во категоријата „Компактни SUV / off-road“ возила во изборот на читателите на „Best Cars 2019“ од германскиот технички магазин „auto motor und sport“.

„Оваа награда е важна за нас, бидејќи потврдува колку добро концептот на новиот Audi Q3 го примаат клиентите“, вели Јенс Рикерт, Продукт Менаџер на производителот, кој ја прифати наградата на церемонијата во Штутгарт:

„Компактниот SUV со сигурност покажува што може да направи. Поради своето одлично меѓуоскино растојание, сега е поголем токму каде што семејствата имаат потреба од простор. Покрај тоа, сега е уште повеќе разновиден. Неговиот дигитален, интуитивен концепт на работа со инфо-забавниот систем преку дисплејот, како и неговите иновативни системи за помош, доведуваат до целосна доминација во компактниот сегмент, со што Audi Q3 претставува  совршено возило за сите возачи.

Изборот на читателите за „Best Cars 2019“ од „auto motor und sport“ е едно од најважните признанија за европската автомобилска индустрија. Се одржаува веќе по 43-та година по ред. 385 модели се натпреваруваа во единаесет категории. Секој читател има право на два гласа за секоја категорија:

Еден за својот омилен кандидат, нивниот севкупен победник, а другиот за најдобро увезено возило. Audi Q3 се натпреваруваше против 56 конкуренти во категоријата “компактни SUV / off-road возила” и победи со 14,4 проценти од гласовите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK