И новата генерација на Captur доаѓа оваа година

ОБЈАВЕНО НА:

По потврдата за доаѓањето на новата генерација на Renault Clio, од блиски извори на францускиот производител, медиумите во Франција обелоденија дека оваа година ќе биде претставена втората генерација на моделот Captur.

Од неофицијалните фотографии објавени од motor1, новиот Captur ќе го следи дизајнот аплициран кај Renault Megane. Тоа значи дека предниот дел ќе има идентични фарови како и кај споменатиот модел додека кај задните стоп светла не се очекува големи промени.

Втората генерација се базира на CMF-B платформата развиена од страна на Renault и Nissan, а во однос на моторите, во понудата ќе бидат 1.3 литарски и 1.5 литарски бензински и дизелски мотор.

Captur во понудата на францускиот производител се појавува во 2013 година, а три години подоцна е претставен и редизајнот кој прераснува во најпродаван мал градски SUV во Европа, а воедно се здобива со бројни национални и меѓународни награди од сферата на автомобилизмот и дизајнот.

Со новата генерација, Renault ќе се обиде да го задржи лидерското место кое сега е загрозено од адутите на Volkswagen Групацијата, T-Cross и Skoda Kamiq.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK