Ќе добие 1,2 милиони долари откако бил уапсен поради „кражба“ на својот автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Интересна и несекојдневна вест доаѓа од САД – маж ќе добие 1,2 милиони американски долари како оштета откако бил уапсен поради наводна кражба на својот автомобил.

Како што пренесува BBC, на 10 октомври 2015 година Лоренс Кросби бил пријавен во локалната полиција откако жена го видела како насилно влегува во својот Chevrolet Volt.

Веднаш по пријавата, полицијата од Ивенстон, Илиноис, излегла на терен и започнала потрага по Крозби. Како што може да се види од видеото снимено од предната камера од полициското возило, Кросби бил веднаш сопрен по што петорица полицајци насилно го соборуваат на земја и апсат без при тоа да го легитимираат.

Поради овој настан, оштетениот упатил тужба против локалната полиција, а неговите правници издвојуваа победата така што тој ќе добие 1,25 милиони американски долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK