Веќе нема вакви возила: Volvo има поминато 2,6 милиони километри

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот кој можете да го видите на фотографијата е произведен во 1979 година, точно во времето кога почнуваат да се изработуваат најквалитетните возила во автомобилската индустрија.

Компаниите како Volvo и Mercedes-Benz се технолошки напредни, а пазарот не е вклучен во дизајнот и развојот на автомобилот. Важно било да се направи квалитетен автомобил што според производителот ќе трае и ќе му биде пријател на сопственикот.

Ова резултираше со таканаречените вечни автомобили. Volvo 245 GL е еден од нив, а се работи за комби, кое  било сопственост на финска компанија. Логистичкиот оператор С. Е. Макинен го купил автомобилот за деловно користење.

Тој бил сосема нов, одржуван строго само во службениот сервоис на брендот и како што споределуваат од компанијата бил возен многу внимателно. Кога се однесувате така со автомобил од оние „вечните“, тој ти раќа. Во случајот со километража од 2.623.231 километар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK