Suzuki Swift прогласен за автомобил на годината во Индија

ОБЈАВЕНО НА:

Жирито на ICOTY (Indian Car of the Year) го прогласи Suzuki Swift за автомобил на годината за 2019 година. Suzuki Swift оваа награда ја доби во конкуренција на Toyota Yaris, Honda Amaze, Honda CR-V, Hyundai Santro, Suzuki Erdga и Mahindra Marazo.

Оваа награда стручното жири ја доделува уште од 2006 година кога токму Suzuki Swift ја доби оваа награда. Овогодинешната награда е трета за Swift, а по 2006 и 2019 овој модел на јапонскиот производител престижната награда ја доби и во 2012 година.

Сепак и покрај тоа, најнаградувам производител е Hyundai со освоени пет награди, а единствениот европски производител добитник на оваа награда е Renault Duster.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK