Поради воздушните перничиња Ford повлекува 1.000.000 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Ford ќе започне со повлекување на 1 милион или поточно 953,000 автомобили од пазарот во Северна Америка, а главна причина се детектираните пропусти во Takata воздушните перничиња.

Ова најголемо повлекување на автомобили од САД ќе опфати 782.384 автомобили од овој пазар како и дополнителни 149.652 од Канада.

Во ова повлекување ќе бидат опфатени моделите Edge произведени помеѓу ноември 2008 и јули 2010 година, Rangers произведен помеѓу август 2008 и јуни 2014, Fusion и Mercury произведени помеѓу јули 2008 година и јули 2012 година како и спортскиот модел Mustang произведен помеѓу јуни 2009 година и декември 2011 година.

Сите овие возила ќе бидат повлечени во регионалните центри каде американскиот производител без надоместок ќе ги замени воздушните перничиња.

Поради пропустите на воздушните перничиња досега загинати се неколку лица, а против Ford е покренати и неколку судски процеси поврзани со овие настани.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK