Од 1 јануари 2019 цените на патарините во Грција се зголемуваат и до 150% пренесуваат грчките медиуми.
Како што и од претходно беше најавено од новата година во Грција стапува на сила одлуката според која цените на патарините ќе се формираат т.е. пресеметуваат врз основа на километрите.
Од патарините на најчесто користените патни правци на патниците од Македонија треба да се напомене дека патарината на Евзони од 1 јануари ќе изнесува 3 евра наместо досегашните 1,8 евра.
Кај Солун патарината ќе чини 0,69 евра, кај Аспровалта 1,42 евра додека патарината во близина на Кавала 2,36 евра. Патарината крај Игуменица и Јанина се покачуваат за 1,32 евра и сега ќе чинат 3,42 евра.
Ова не единствено покачување на цените со кое можете да се соочите во Грција. Добро е познато дека од март годинава во Грција се воведоа новите цени за сообраќајни прекршоци кои се далеку повисоки од тогашните.