Електричен или дизел Golf, сеедно, цената е иста

ОБЈАВЕНО НА:

Членот на Управниот одбор на Volkswagen, Јирген Штакман ги откри информациите за првиот електричен автомобил на брендот  од новата моделна линија, I.D. Порачките на новиот хечбек, кој најверојатно ќе го добие името Neo, ќе почнат во текот на пролетта следната година, а цената ќе биде споредлива во однос на дизеловиот Golf.

Штакман публикуваше неколку поста на Twitter, во кои зборува за тоа дека клиентите можат да избираат од сајтот на компанијата, а таму ќе можат да го одберат моделот, бојата и саканиот пакет од различни опции. Интересно е тоа што услугата е иста како таа која ја нудат од Tesla, а во САД новите електромобили ќе можат да се достават директно на посочената адреса.

Новиот автомобил VW I.D. Neo ќе се нуди во неколку модификации, кои ќе бидат со батерии со различен капацитет. Последниот ќе варира од 48 до 111 киловат часови, а топ верзијата (според WLTP) има максимална можност за поминување на 550 километри. Цената ќе се движи околу 24.000 евра.

Постепно семејството на нови електрични автомобили на Volkswagen, кое се нарекува I.D., ќе се зголемува за уште модели, Целта на Volkswagen во 2020 година е да продаде 150.000 електромобили со индекс I.D. Обемот на “зелените” Volkswagen возила ќе се зголеми до 550.000 на годишно ниво, а за модерницизрање на фабриките ќе бидат инвестирани шест милијарди евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK