Препорака: Десет градови за топол зимски одмор

ОБЈАВЕНО НА:

Како што наближува зимата (календарски) така плановите за зимување стануваат сè позачестени. Затоа е добро да се знае каде би можеле да заминете и да ги поминете деновите од зимскиот одмор.

Ако сакате и во зимските денови да претстојувате на топло и да избегате на некоја жешка дестинација тогаш треба да ги знаете местата на кои има високи температури и во зима.

На списокот на британскиот „Телеграф“ се најдоа топ десет топли дестинации за студените зимски денови.

1.Маракеш, Мароко

Може да се каже дека поранешниот императорски град Маракеш во Мароко е идеален за посетување и во ноември и во декември. Суровата топлина од јули и август (над 34 степени) е заменета со попријатни температури (22 степени).

2.Мајами, САД

Додека Њујорк е покриен со снег во зимата најмодерниот град на Флорида привлекува со песок и сонце. Баровите на South Beach се топ атракција на градот дури и на крајот од годината, кога живата уште се движи околу 24 степени.

3.Буенос Аирес, Аргентина

Ако немате проблем со долгите летови тогаш Буенос Аирес е разумно место за зимското сонце. Главниот град на Аргентина во декември влегува во летната сезона, а температурите се 28 степени.

4.Рио де Жанеиро, Бразил

Ако сте се насочиле кон Јужна Америка и барате град, облеан со сончева светлина тогаш моѓете да се насочите кон најпривлечниот. Бразилскиот град Рио де Жанеиро е прекрасно место, па можете да очекувате температури од 25 до 30 степени во секое време, но идеалниот момент е да го изберете за дестинација во декември и јануари, кога Европа се смрзнува. Друга варијанта се февруари-март кога е прочуениот карневал.

5.Дубаи, ОАЕ

Упатете се кон најголемиот град во ОАЕ на пазарување, луксузен одмор или едноставно за да имате можност да кажете дека сте се искачиле на највисоката зграда на планетата – Бурџ Калифа. Како дополнителна стимулација температурата е пријатна и е 25 степени во јануари и февруари.

6.Картагена, Колумбија

Карипските градови се среќаваат само на островите. Северното крајбрежје на Колумбија ги има едни од најубавите плажи на планетата. Картагена е скапоцениот бисер на континентот, полн со шарени шпански згради и полн со расположение.

7.Пафос, Кипар

Кога е Пафос во прашање, никогаш не може да се каже дека европското лето веќе завршило. Во ноември овој град на западното крајбрежје на Кипар сè уште флертува со температури од околу 30 степени. Тука има и многу историја. Во археолошкиот парк во Пафос има грчки и римски рушевини, кои можете да ги истражувате. На последно место е „Куќата на Дионис“, која е полна со мозаици.

8.Хавана, Куба

Крајот на „ерата Кастро“ во Куба не изгледа дека ја намалил романтичната привлечноност на Карипскиот остров. Главниот град Хавана останува важен дел од секое патување до најголемиот остров во регионот.Нејзината славна архитектура е прекрасна и заслужува да биде видена, а ќе ви остане доволно време за посета на некои од најдобрите плажи. Во 2019 година Хавана одбележува 500 години, па не се двоумете ќе биде празнично.

9.Сиднеј, Австралија

Не е потребно да видите уште една фотографија од сурферите на Бонди Бич во капи на Дедо Мраз за да знаете дека Сиднеј е пријатна алтернатива за Божиќ и Нова Година. Градот е познат и како главен град на готвачите, па не мислете се предолго.

10.Акаба, Јордан

Летовите до Јордан обезбедуваат и удобна врска до историскиот град Петра кој е на 80 километри североисточно. Затоа упатете се кон пустината и нејзините тајни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK