Volvo го одложи производството на Lynk & Co во Белгија

ОБЈАВЕНО НА:

Експанзијата на кинескиот производител Geely на европскиот пазар несомнено води преку Volvo. Овој шведски производител пред неколку години беше во целост купен од Geely, а 100% сопствеништво над овој бренд Geely стратешки го искористува со цел лансирање на брендот Lynk&Co на европскиот пазар.

Во таа насока пред неколку месеци високи претставници од кинеската мултинационална компанија изјавија дека од следната година ќе се започне со производство на моделот Lynk & Co 01 во европската фабрика на Volvo во Белгија.

Сепак неколку месеци подоцна, од Стокхолм доаѓа вест во која Volvo наведува дека производството на автомобили од брендот Lynk&Co се одложува на неодредено. Причината за оваа одлука е макроекономската неизвесност на која се повикуваат од Volvo.

Од Volvo појаснуваат и дека оваа одлука нема да има никакви импликации врз вработените во фабриката во Гент, Белгија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK