Toyota со тизер го најави и новиот Prius AWD

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota сега со тизер ја најавува и премиерата на Prius AWD. Јапонскиот производител на објави слика на која пишува “Есента е тука, зимата доаѓа, а Prius 2019 одлично вози без разлика дали е на снег или на суво”.

Со ова без да открива многу детали, Toyota го најави подобрениот модел со кој ќе продолжи да конкурира на Hyundai Ioniq, Kia Niro и Chevrolet Volt.

Она што е за очекување е во овој модел Toyota да го вгради E-Four системот на парувани електрични мотори, ист таков што во моментов е понуден кај Lexus UX250h. Сепак за сите новитети поврзани кај овој модел ќе мора да почекаме до крајот на месецот кога ќе биде премиерно претставен во рамките на саемот за автомобили во Лос Анџелес.

Инаку овој модел Prius за прв пат го воведе во декември 1997 година и од тогаш па се доденес лансираше четири генерации. Воедно, овој автомобил е најпродаваниот хибрид на Toyota, а благодарение на тие продажни бројки, Prius прерасна во синоним за Toyota кога се во прашање хибридните возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK