Автономна технологија да – но воланот и педалите остануваат засекогаш во возилата на Porsche

ОБЈАВЕНО НА:

Со почетокот на приказната за автономната технологија на возење многумина со право се загрижија за иднината на превозот, а најмногу дека ќе ја загубат можноста за управување на автомобилот, она во што голем број навистина ужива. На сета среќа Porsche нуди решение за октанските зависници.

Зборувајќи за Motor Authority, шефот на Porsche за Северна Америка, Клаус Зелмер рече дека тој произведувач никогаш нема да ги исфрли воланот и педалите од автомобилот и покрај тоа што ќе биде имплементирана самовозечката технологија.

„Нашиот план е секогаш да имаме управувач и педали во автомобилот, а потенцијално и мануелен менувач (во понудата) за да може навистина да се поврземе со автомобилот и сè да извршуваме сами. Нашите купуачи секогаш сакаат сè. Сакаат можност да користат автономно возење, но исто така сакаат и да го управуваат автомобилот“.

Попросто кажано Porsche на возачите ќе им даде избор дали сакаат во целост да го управуваат автомобилот или сакаат тоа да го препуштат на технологијата да го одработи за нив кога не им е до возење. Тоа значи дека Porsche ќе нуди автомобили од нивоата 3 и 4 на автономна технологија, но никогаш нема да понуди ниво 5 во кое автомобилите нема да имаат компанди за управување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK