Peugeot 508 и 3008 на хибриден погон

ОБЈАВЕНО НА:

Peugeot конечно го претстави ветениот нов хибриден погон. Тој ќе се најде на пазарот од вториот квартал на следната година во неколку верзии за моделите 508 седан и комби и 3008.

Помоќната варијанта го носи името HYBRID4 и комбинира 1.6-литарски турбо бензинец со 200 коњски сили и два електромотори со по 110 коњски сили – по еден за предната и задната оска.

Врвот на системот е 300 коњски сили што е доволно за да се забрза од место до 200 км/ч за 6,5 секунди кај моделот Peugeot 3008 GT HYBRID4. Само на батерии џипот ќе може да минува околу 60 километри.

Втората верзија на хибриден систем го носи името HYBRID и ќе биде во понудата за 3008, но и за 508 како седан и комби. Тука максималната моќност е 225 коњски сили кои ќе се насочени само кон предните тркала. Само батерии автомобилите ќе можат да поминат околу 40 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK