Проблемот со милионите спорни дизел автомобили е пред целосно решение. Ова го соопштуваат од партиите дел од владеачката коалиција предводена од канцеларката Ангела Меркел.
По состанокот во Берлин, овие партии го објавија т.н. концепт за чист воздух и обезбедување движење низ градовите. Поради значајноста на автоиндустријата во Германија, но и важноста од обезбедување на здрава и чиста средина, сите субјекти директно и индиректно вклучени во овој проблем повеќе од една година ги разгледуваа и оценуваа сите можни решенија на настанатиот проблем.
“Автоиндустријата го предизвика проблемот и она мора да плати” изјави министерксата за животна средина Свења Шулц од СПД. Со ова таа потенцираше дека целиот проблем настана поради вградениот софтвер кој обезбедуваше погрешни податоци околу емисијата на штетни гасови.
Во изминатите месеци покраинските судови низ Германија донесоа забрана за милиони дизел автомобили, а уште толку се под закана од забрана. Поради ова, германската влада, под притисок на сопствениците на овие возила мораше да обезбеди трајно решавање на проблемот, за чије решавање сега постојат три технички можности.
Решението е во комбинаиција на сите три технички можности. Првата можност предвидува на автомобилите да им бидат заменети соодветните делови со цел исполнување на еколошките норми. Вакво решение пред неколку дена предложи и Volkswagen кој на автомобилите од својот бренд ќе ги заменува филтрите со цел исполнување на бараната еколошка норма. Оваа можност ќе биде комбинирана со значителното олеснување на промената на деловите како и континуираното надоградување на софтверот за евидентирање на штетни емисии на гасови.
Останува во наредниот период низ дебати и практични примери да се види дали ова решение е соодветно и дали на долгорочен план ќе ги реши спорните прашања.