Од оружје до електрични автомобили – Калашњиков нов конкурент на Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Од производство на оружје до најава за сериско производство на електрични автомобили – тоа накратко е приказната на рускиот производител на оружје Калашњиков.

Како што објавија руските медиуми, оваа компанија влегува на пазарот на електрични автомобили со амбиции за главен и директен конкурент на американската Tesla.
“Развиваме наш концептуален електричен автомобил заснован на неколку оригинални системи на концернот Калашњиков. Таа технологија овозможува да бидеме рамо до рамо с осветските производители на електро автомобили како што е Tesla” изјавиле претставници на руската компанија.

Според достапните информации, овој суперавтомобил ќе развива моќ до 1.2 мегавати и сето тоа благодарение на електричната батерија чиј капацитет изнесува 90 киловат часови. Електромобилот CV-1 е развиен на база на ретро каросеријата IZ-21252.

Kalašnjikov CV-1

Инаку електричните автомобили и не се некој новитет кога е во прашање оваа компанија. Калашњиков досега има изработено неколку други автомобили како што е автомобилот UV-4 чија моќност на електромоторот достигнува до 50 киловати, а максималната брзина 80 км/ч.
Претходно, руската компаија претстави и нов беспилотен систем под називот ZALA 421-16E5V2.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK