Неодамна беа објавени податоци за продажбата на автомобилите во првата половина од годината според агенцијата ЈАТО, а на долгиот список е направен пресек на најдобрите три автомобили во секоја од класите.
Од ЈАТО ги објавија податоците за продажба на автомобилите во Европа во првата половина на годината, а во продолжение го имате целиот преглед. Во некои класи продажбата е речиси идентична…
Во исто време кога овие податоци се објавени, во Македонија стартуваше и понудата ЗАЕДНО НА ВРВОТ за моделите Renault Clio и Renault Captur најпродаваните модели во своите класи. Истите се достапни по одлични цени и опрема.
А како изгледа прегледот на најпродаваните три модели во секоја од класите можете да погледнете во продолжение.
Мали градски автомобили: Fiat 500 (90.809 ), Fiat Panda, Volkswagen Up.
Субкомпактни автомобили: Renault Clio (145.963 ), Ford Fiesta, Volkswagen Polo.
Компактни автомобили: Volkswagen Golf (213.610 ), Ford Focus, Skoda Octavia.
Средна класа: Volkswagen Passat (74.791 ), Mercedes C-Class, Audi A4.
Виша средна класа: Mercedes E-klase (54.897 ), BMW 5 Series, Audi A6.
Луксузни лимузини: Mercedes S-klase (6.371 ), Porsche Panamera, BMW 7 Series.
Мали СУВ: Renault Captur (94.598 ), Dacia Duster, Peugeot 2008.
Компактни СУВ: Nissan Qashqai (112.443 ), VW Tiguan, Peugeot 3008.
Големи СУВ: Peugeot 5008 (35.998 , Skoda Kodiaq, Nissan X-Trail.
Мали премиум СУВ: BMW X1 (49.994 ), Mercedes GLA, Audi Q3.
Средни премиум СУВ: Mercedes GLC (53.840 ), Volvo XC60, Audi Q5.
Големи премиум СУВ: BMW X5 (14.235 ), Volvo XC90, Range Rover Sport.
Мали моноволумени: Fiat 500L (28.572 ), Honda Jazz, Dacia Lodgy.
Средни моноволумени: VW Touran (45.701 ), Renault Scenic, Citroen C4 Spacetourer.
Големи моноволумени: Mercedes V-Class (12.356 ), Seat Alhambra, Ford S-Max.
Мали спортски автомобили: Mazda MX-5 (6.914 ), Fiat 124 Spider, Lotus Elise.
Средни спортски автомобили: Audi TT (6.745 ), Porsche 718 Cayman/Boxster, Ford Mustang.
Големи спортски автомобили: Porsche 911 (10.233 ), Mercedes AMG GT, Ferrari 488.