Alfa Romeo останува без Mito во понудата

ОБЈАВЕНО НА:

По презентацијата на новиот стратешки план на FCA групацијата за развојните правци на Alfa Romeo, јасно беше дека најмалиот автомобил во понудата Mito нема да добие директен наследник.

Сега, неколку месеци подоцна стигнува и официјална потврда од Alfa Romeo дека од наредната година овој мал автомобил нема да биде вклучен во понудата. Ова доаѓа по 11 годишното производство на овој модел кој во B сегментот и не “испиша” успешна приказна. Друга причина е и непопуларноста на автомобилите со три врати, а доказ за тоа е и прекинувањето на производството на тривратните изведби на Range Rover Evoque, Peugeot 208, SEAT Leon SC, SEAT Mii.

Иако не директен, сепак пред само еден месец се појави информација дека местото на Mito во понудата на италијанскиот производител ќе го потполни новиот SUV именуван како Rombo кој во суштина се темели на истата платформа на 500X и Renegade.

Инаку што се однесува до Mito, овој мал спортски автомобил ќе остане запаметен по бројните награди што во периодот од 2008 до 2018 ги доби, но и по фактот што и покрај добриот дизајн, дело на Хуан Мануел Диаз, и одличните перформанси, овој автомобил не ги исполни очекувањата во однос на продажбата и истиот е далеку помалку продаван од на пример Audi A1.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK