Ова се 20-те најромантичните дестинации

ОБЈАВЕНО НА:

Познатиот издавач на љубовни романи Mills&Boon со цел да ги избере најромантичните дестинации спроведе анкета. На анкетата гласаа околу 2.000 луѓе кои за најромантична дестинација го одбраа Париз.

Францската престолнина која е и позната како “Град на љубовта” заврши убедливо на првата позиција, а најголем придонес за тоа имаше Ајфеловата кула како и т.н. љубовни мостови. На втората позиција се најде најпознатата туристичка дестинација во Грција, Санторини. Преубавите плажи во комбинација со синото море и бело-сините куќарки придонесува за одлична романтична атмосфера.

Очекувано на врвот на листата се наоѓа и Венеција. Италијанскиот град на кого му се заканува потопување, се најде на првата позиција и на листата на дестинации што морате да ги посетите до 2050 година. Тесните улички, мостовите, каналите и гондолите во комбинација со италијанско вино го прават овој град најромантичен во Италија.

Image result for venice

Шарените куќарки распоредени на карпестите предели, ја прават оваа обала доста привлечна, особено за крстарење покрај западниот брег на Италија. Зајдисонцата тука се фантастични, а токму тие знаат да бидат клучниот елемент за романтика.

Најдобрата петорка ја сочинува и Мауи (Хаваи) каде дефинитивно се наоѓаат најдобрите песочни плажи. Од шесттата до десеттата позиција се наоѓаат уште неколку егзотични дестинации и тоа Бора Бора, Киркјуфел, Сејшели, Бали како и белгискиот град познат по чоколадата Бриж.

Image result for maui

Листата на најромантични 20 дестинации ја комплетираат уште и Санкт Петербург (Русија), Таџ Махал (Индија), Мохери (Ирска), Амстердам (Холандија), Галапагос (Еквадор), Витсандеј (Австралија), Биг Сур (САД), Сан Франциско (САД), Фуџи (Јапонија) и Занзибар (Танзанија).

Главни пет фактори кои се користеа при гласањто беа преубавите пејсажи, луксузното сместување, топлата клима, добрите ресторани и местата за прошетки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK