Светскиот рекорд во возење на велосипед на задно тркало на растојание од 100 метри доби нов сопственик во Ибро Басариќ од Вишиќ. Тој ја помина оваа делница за 10,63 секудни со што беше срушен претходниот рекорд кој изнесуваше 10,89 секунди.
Басариќ се занимава со велосипедизам веќе осум години, а на едно тркало има возено без да запре 24 километри.
Вакво возење сигурно и вие сте обиделе некогаш, но не сте мереле време, ниту пак сте размислувале за рекорд. Едноставно, сте сакале да се покажете пред друштвото. Но, овој Босанец е навистина одличен.
https://www.facebook.com/CapljinskiPortal/videos/10156487488684598/
Можноста прв да му честита на Басариќ имаше легендарниот фудбалер Мехо Кодро, кој воедно беше и мерач на време.