BMW ќе гради фабрика во Унгарија

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот гигант BMW започна со изградба на нова фабрика. Лоцирана во Дебрецин, на североистокот од Унгарија.

Оваа инвестиција доаѓа по големите инвестиции изминатите години насочени кон изградба и модернизација на веќе постоечките фабрики во САД, Кина и Мексико, а најновата инвестиција од нешто повеќе од милијардна евра ќе донесе околу 1.000 вработувања.

За сега нема точна информација кои модели ќе се произведуваат во оваа фабрика, но се претпоставува дека тука се произведуваат повеќе EV модели, а годишниот капацитет ќе биде 150 илјади автомобили.

BMW е четвртиот голем бренд од авто индустријата кој ќе има сопствена фабрика во оваа земја. Веќе неколку години успешно своето производство го спроведуваат Audi, Mercedes-Benz и Suzuki. Ова ќе биде прва фабрика на BMW во земја од поранешниот источен блок.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK