Европејците сѐ помалку купуваат електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Секое чудо за еден ден или тренд изолиран на одреден географски регион? Европјаните се помалку и помалку купуваат електрични возила. Ова го покажуваат официјалните податоци за продажбата според кои во првата половина од годината се регистрирани 33% повеќе електрични и хибридни возила во однос на истиот период минатата година, но дури 54% помалку споредено со 2016 година.

Иако се повеќе и повеќе се популаризираат електричните автомобили, особено по аферата Дизелгејт, купувачите на “Стариот континент” остануваат верни на моторите со внатрешно согорување.

Како главна причина за ова се наведува уште неразвиената инфраструктура за полнење на батериите на елктричните автомобили.

Според податоците, дизелот во Европа и натаму бележи надолен тренд додека благо зголемување има кај бензинците. Популаризацијата на електричните автомобили е далеку под нивото како во САД, но стратешката определеност на голем број европси производители кон електричните автомобили укажува дека во блиска иднина во Европа ќе се зголеми трендот на продажба на електрични автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK