Гигантот од Велика Британија, Rolls-Royce го претстави концепциското летачко такси со името EVTOL. Презентацијата на проектот ќе биде направена на меѓународниот авио саем во Фарнборо.
Летечкиот апарат ќе има шест електромотори, кои ќе се напојуваат од генератор со моќност од 500 кВт. Благодарение на ротирачките ролери на аеротаксито Rolls-Royce може да се вржат и вертикални полетувања и слетувања.
Максималната брзина која се бара од EVTOL е 402 км/ч, додека максималното траење на еден лет може да биде најмалку 800 километри. Во авионот ќе може да има максимум пет патници.
Во моментов проектот се наоѓа во стадиум на разработување, но од Rolls-Royce не ја исклучуваат можноста и сериоското производство да почне уште во 2020 година. Се потенцира дека EVTOL покрај за лично користење ќе може да се употребува и за јавен транспорт, како и за логистика и потреба на војската.