Дали некогаш сте си поставиле едно интересно прашање колку изолир ленти би ви биле неопходни за да успеете да изработите гума за автомобил. Тоа не би била особено ефективна гума туку само временско решение, и повеќе би била интересна изработка со која би се привлекло внимание.
Секако, веќе има некој, кој се сетил на ова и сето тоа го има снимено. Видеото трае нешто повеќе од 11 минути, па доколку сакате да добиете идеја за интересно решение на автомобилска гума погледнете и научете нешто ново.
Ќе имате можност да видите како возилото се движи со една гума направена од изолир, но и колку истата гума може да издржи.
Ние секако не би ви предложиле тоа да го правите, бидејќи ќе ви треба време за да ја направите, малку ќе се измачите, а на крај и нема да ви заврши работа.
Сепак е ова само една луда идеја што може да се реализира, но без многу корист.