Автомобилскиот гигант Лада од Русија и студентите од Техничкиот универзитет во Москва ги претставија најдобрите проекти на тема „Идниот предводник на Лада“.
Програмата е почната уште за време на зимата кога шеф-дизајнерот на брендот Стив Матин и раководителот на московското одделение на дизајнерскиот центар Жулиен Друар ја открија филозофијата на таканаречениот Х-дизајн.
Во првата етапа од работата, студентите добија задача да определат како ќе изгледа флагманот на Лада, а притоа ги анализираа параметри, начинот на живот и очекувањата на идните купувачи. Собраните информации требало да бидат преведени на јазикот на дизајнот.
При следната етапа од програмата под раководство на Жулиен Друар, студентите од универзитетот се потрдиле доста. Со помошта на раководителот успеале да испробаат различни шеми и концепции и е создаедн суштинскиот надворешен и внатрешен дизајн на автомобилите.