По 15 години Toyota Camry се враќа во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси по 15 години јапонскиот производител Toyota го враќа моделот Camry во Европа. По одличните продажни перформанси особено во САД каде минатата година беа продадени 387.081 примерок, Toyota се одлучи овој првенствено модел создаден за пазарот во САД да го лансира и во европските земји.

Со ова Toyota ќе го зголеми присуството во D/E сегментот односно ќе ја збогати хибридната понуда бидејќи овој модел доаѓа и како електричен хибрид со самостојно полнење.

Осматта генерација на Camry во Европа ќе биде понуден со 2.5 литарскиот електричен погон кој се карактеризира со ниско ниво на емисија на штетни гасови, но и зголемена ефикасност во поглед на потрошувачката. Во понудата ќе биде и обичниот 2.5 литарски бензински мотор кој во моментов е присутен кај моделите кои се продаваат во Русија, Блискиот Исток и Австралија.

Последната генерација на Camry беше премиерно претставена во 2016, а производството започна во јуни минатата година во 8 Тојотини фабрики ширум светот и тоа во САД, Јапонија, Кина, Индија, Малезија, Русија, Тајван и Тајланд.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK