Обидов за возење на потполно нов Mercedes-AMG GLE 63 заврши неславно со превртување на кров при кружно движење на кружниот тек во Нант. Автомобилот туку што бил изнајмен за свадба со депозит од 2000 евра.
На видео снимката се гледа добро дека возачот врти кругови со брзина која не е поголема од 30 км/ч и се обидува да го стави автомобилот под контрола. Сите стабилизирачки системи на возилото се исклучени, па возилото паѓа буквално на страна и покрај малата брзина.
Според сведоци за вртењето допринело и тоа што предната лева гума закачила на тротоарот за време на кружното движење. За среќа при овој инцидент нема сериозно повредени.