Жителите на поранешна Југославија одлично се сеќаваат на автомобилот Zastava 130, кој своевремено пленеше со својата убавина и грандиозност. Овие автомобили најчесто беа такси возила, а ги користеа и полицајците и генералите.
Денес после 37 години од прекинувањето на производството на овој автомобил меѓу 200.000 поризведени примероци во Крагуевац ретко каде може да се пронајде зачуван и функционален автомобил.
Производството почна во 1961 година и на производствената линија се наоѓаше се до 1979 година. Иако имаше стандардно место на пазарот на поранешна Југославија неговото производство беше прекинато за ново навионално возило – Zastava 102, кое подоцна го доби името Југо.
Најголемиот извозен успех возилото Zastava 1300 го имаше во Колумбија каде од 1967 до 1974 година биле продени речиси 7000 примероци. Поради оригиналното осветлување го доби прекарот „автомобил со илјада сијалички“.
Денес овие возила може главно да се видат во старите филмови снимени во поранешна Југославија. Тогаш важеше една изрека која велеше„ Домашен филм, не е домашен доколку 1300 и фиќо не минат по улица“.