Дека безбедноста во сообраќајот има големо значење за Европската Унија покажува и последната одлука со која од 2021 година 11 системи за безбедност стануваат задолжителни кај автомобилите.
ЕУ веќе испрати известување до автопроизводителите кои во наредните три години имаат обврска во целост да ги интегрираат овие системи во основната опрема на автомобилите кои ги произведуваат доколку сакаат истите да ги продаваат на пазарите на земјите од Европската Унија.
Според известувањето, како задолжителни системи се наведуваат следните 11:
1. Систем за автоматско сопирање (Advanced emergency braking)
2. Алкохолен блокатор (Alcohol interlock installation facilitation)
3. Систем за одредување на уморот на возачот
4. Регистер на незгоди (Event (accident) data recorder)
5. Систем за автоматско вклучување на алармна сигнализација при екстерни влијанија
6. Интелигентен систем за асистенција на брзината (Intelligent speed assistance)
7. Систем за контрола на лентата на движење (Lane keeping assist)
8. Задна камера (Reversing camera or detection system)
9. Безбедносна зона за главата при удар на пешаци и велосипедисти (Head impact zone enlargement for pedestrians and cyclists – safety glass in case of crash)
10. Предна заштите при челен удар и подобрени појаси (Full-width frontal occupant protection crash test – improved seatbelts)
11. Странична заштите на возачот и патниците (Pole side impact occupant protection)
Целта на оваа одлука е намалување на сообраќајните несреќи, штетите што ги предизвикуваат истите како и човечките загуби, а оттаму наведуваат дека со интегрирањето на овие системи ќе се спречат 38.900 сериозни незгоди.
За потсетување, пред само неколку денови и во САД беа донесени нови закони поврзани со безбедностната опрема кај автомобилите со што меѓу другото во задолжителна опрема се воведува и задната камера. Повеќе околу околу оваа измена прочитајте ТУКА.