Само електрични Smart возила во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Возилата Smart во следните две години ќе станат целосно електрична марка и тоа на светскиот пазар, а не како досега само во Северна Америка. Оваа вест беше потврдена и од страна на Дитер Цече, кој е главниот шеф на Daimler и Mercedes.

Ваквата информација беше презентирана на годишната средба на акционерите во компанијата, а беше објавено дека Smart ќе нуди само електрични автомобили на пазарот во Северна Америка, додека до 2020 година тоа треба да се случи и на пазарите во Европа и во Азија.

Супер компактните модели на Smart се исклучително погодни за електрифицирање така што оваа марка ќе се најде пред Mercedes во лансирањето на електромобилите. Mercedes ќе создаде специјален подбренд за електромобили – EQ, а плановите се да има уште барем по еден електрифициран модел во секој пазарен сегмент до 2022 година.

Во првата четвртина од оваа година продажбите на Smart во САД се скромни. Продадени се едвај 277 електромобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK