Крај за Peugeot 208

ОБЈАВЕНО НА:

Сите што сакаат да купат нов Peugeot 208 односно сакаат да ја имаат неговата варијанта со три врати имаат само малку време за да дојдат до ова возило со оглед на тоа што произведувачот од Франција наскоро ќе заврши со неговото производство.

Според најавите малку практичниот модел ќе биде згаснат во следните недели. Причината е во слабата продажба на речиси сите пазари што и не е некое изненадување со оглед на тоа што голем број на други производители се решија на слична стратегија.

Веќе некое време моделот Renault Clio не ја продава верзијата со тру врати, а ниту Volkswagen не го продава моделот Polo во истата форма. Исто така и Seat Ibiza и Kia Rio немаат верзии со три врати.

Меѓутоа, на пазарот уште се одржуваат Ford Fiesta, Opel/Vauxhall Corsa и MINI, кои сè уште се продаваат во каросерија со три врати.

Оваа одлука на компанијата Peugeot e конечна, а супермини со три врати нема да биде во понудата на произведувачот иако новата генерација ќе биде претставена на саемот во Париз, но само во форма со пет врати.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK