За да ве служи подолго: Работи кои не треба да ги правите со автомобилот

ОБЈАВЕНО НА:

За тоа што треба да прави еден возач со својот автомобил е пишувано многу досега. Далеку помалку е кажано за тоа што не чини да се прави со него. Уште повеќе што веќе се смени годишното време и тоа се одразува негативно не само на луѓето туку и на превозните средства.

Неколку совети можат да бидат добредојдени и да значат многу за продолжување на животот на автомобилот и затоа е важно да се знаат неколку работи кои никако не смеете да им ги правите на вашите автомобили.

Тука се работи за неколку совети за моторот, менувањето масло, менувањето на гумите, горивото…

Не тргнувајте со студен мотор

Колку е постудено надвор, толку е полошо да се тргнува со незагреан мотор. Некои производители на автомобили веќе ја одрекуваат оваа практиката, но повеќето експерти се категорични. На моторот му треба околу минута во место, а откако ќе излезете на пат не брзајте за да му дадете максимална гас.

Не пропуштајте ја промената на маслото

Не го менувајте маслото поретко отколку што ви е препорачано дури на тоа масло кое го користите во моментов да е напишано Long Life (долг живот). Тој натпис покажува само дека при идеални услови моторот на автомобилот може да помине дури и 40.000 километри, Сепак, како што е познато идеални услови нема. Затоа не се мислете премногу за да го смените маслото и порано. Видете како пишува во сервисната книшка односно како предвидел производителот.

Не ставајте масло кое не одговара

На моторот не треба да му стават таканаречени LowSAPS масла, кои содржат ниско ниво на сулфатна пепел, фосфор и сулфур и кои се наменети за возила со филтер за тврди честички, ако вашиот автомобил нема таков. Тоа кое е добро за Land Rover или Mercedes, на пример, може да ме е добро за друг мотор. Причината е во содржината на специјални адитиви на тие маскал, кои се направени за таков тип на превозни средства. Повторно видете што предвидел производителот, и не се водете по девизата дека поскапото секогаш е подобро.

Не барајте го најевтиното гориво

Кога долевате гориво, не се ориентирајте кон најниската цена. Да, има бензински пумпи на понепознати компании, кои се обидуваат да ве предизвикаат, но е многу можно од тоа да настрада вашиот автомобил.
Пумпите со сомнителен квалитет а поевтина цена не се предност, туку можен проблем.

Не ги прескокнувајте додатоците за масло или гориво

Не ги прескокнувајте лесно рекламнираните додатоци кои можат да го подобрат квалитетот на маслото или горивото кои ги користите. Се разбира, тоа не се однесува за автомобилите под гаранција, со оглед на тоа што производителот дозволува користење на додатоци кои се одобрени од него.

Не го перете сами моторот

Перењето на моторот не е за секого и треба да се прави внимателно и од луѓе кои се запознаени со тоа што го прават. Водата под притисок во главниот дел или агрегат може да нанесе сериозни проблеми за моторот. Со сигурност тој, кој го направил нема да може да ви помогне ниту со ремот.

Не чекајте до последен момент за смена на гумите

Како од безбедносни причини и заштеда на време, така и поради економијата, подгответе се на време за да ги смените летните гуми со зимски. Во секој случај е подобро да возите една до две недели со зимски гуми отколку некое утро да бидете изненадени кога сте тргнале со летните гуми.

Не влегувајте во бари на патот

Врнежите во текот на есента се нешто вообичаено и соодтвено се формираат бари на патиштата. За некој преминувањето низ нив може да биде доста ефектно, но подлабока вода како ништо може да предизвика проблеми за вашиот автомобил. Затоа нема да помогне дури ниту системот ESP. Ненадејното ладење може да предизвика проблеми на катализаторот и соодветно да се стигне до негова замена.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK