WD-40 – спреј со безброј намени за кои и не знаете

ОБЈАВЕНО НА:

WD-40, или популарно познат кај нас како веде-40, е производ што се користи за подмачкување на кородирани навртки или за истиснување на влагата. Но, ова се само мал дел од намените на производот, којшто производителот го декларира како повеќенаменски производ.

На официјалната Интернет страница на производителот наведени над 2000 ситуации во кои производот може да се користи.
WD-40 е измислен во 1953 година по 39 неуспешни обиди.

Еве 17 примени на WD-40 кои не се чести, а дел од нив се и невообичаени, и токму затоа препорачуваме при примена на советите прво обидете се со мали количини од производот на место кое не е лесно видливо:

– За одлепување на мастика, и тоа од коса, чевли, бетон и од послужавник.

– За бришење на постојан маркер или фломастер од белата пиши-бриши табла.

– За одлепување самолепливи налепници или стикери и слично. WD-40 помага и за отстранување на остатоци лепак.

– За да ги одвоите заглавените лего коцки.

– За да отстраните лепак од тепих, кожа или други површини, како и за отстранување на лепакот за екстензии од косата или за дамката на фармерките направена од лепак.

– За чистење на патиките. WD-40 лесно ги симнува дамките од трева или од боја од патиките, како и засушените траги од кучешки измет.

– За чистење на масни боици и пластелин од ѕидовите или од други површини.

– За чистење на дамки од кафе, и тоа од шолји, плотни или подни плочки. Само внимателно избришете ја целата течност од плочките за да не се лизне некој.

– За да ги избркате верверичките. Ако имате место каде оставате храна за птиците и не сакате вервериците да ја изедат, испрскајте го местото со маслениот производ и вервериците нема да се приближуваат.

– За чистење на остриците од косилката за трева.

– За бркање на оси од осарникот или да ги спречите да го направат. Само внимавајте да не го испрскате осарникот додека осите се во него зашто ќе ве нападнат.

– Кога имате WD-40 не ви е потребно шило за кршење мраз. Односно, со маслото лесно ќе го отворите и подмрзнатото поштенско сандаче.

– Спрејот го спречува снегот да се лепи на лопатата за чистење. Едноставно напрскајте ја пред употреба.

– Помага при чистење на ветробранското предно стакло на кое има залепено остатоци од бубачки. Истото може да се употреби и за предните светла, како и за сите други површини каде може да има остатоци од бубачки.

– Ефиксен е за чистење на измет од птици од автомобилите.

– Спречува мрзнење на делови од автомобилот, како што е бравата на вратата или прскачите за вода пред ветробранското стакло.

– Се користи и за чистење на чамци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK