Две новини пристигнуваат од седиштето на Volkswagen во Волфсбург. Двете се однесуват на SUV модели, едниот за Индија, другиот за европскиот пазар.
Првата вест се однесува на моделот Taigun чија сериска изведба е официјално претставена. Се работи за SUV модел кој на индискиот пзар доаѓа како конкурент на Hyundai Creta и Kia Steltos.
Се темели на MQBA0 платформата, должината на овој модел изнесува 4.200 мм. Меѓуоскиното растојание пак, изнесува 265 см. Во поглед на дизајнот тој е инспириран од моделот T-Cross кој веќе е присутен на европскиот пазар. Тоа се однесува и на внатрешноста каде во основното ниво на опременост доаѓа со 10 инчен екран осетлив на допир.
Во однос на мотористиката, под хауба доѓа со основниот 1,0 литарски трицилиндрен TSI мотор со 115 КС, а место има и за помоќниот 1,5 литарски TSI мотор со 150 КС. Тука е и верзијата на ЦНГ, a купувачите ќе може да бираат помеѓу шест степен мануелен и шест степен автоматски менувач.
Другата вест се однесува на моделот Taigo кој минтата година беше претставен во Јужна Америка. И овој модел ја следи дизајнерската филозофија на Volkswagen и е на некој комбинација на T-Cross и T-Roc.
Европската премиера на овој модел ќе се случи претстојното лето. Засега се знае дека се темели на MQB A0 платформата, а во однос нa Nivus се разликува во однос на предната маска.
Во поглед на димензиите, должината изнесува 4,266 мм, меѓуоскиното растојание 2.566 мм, а капацитетот на багажниот простор 415 литри.
Во производство влегува во четвртиот квартал годинава, а ќе се произведува во Памплона, Шпанија. Засега остануваат енигма техничките карактеристики како и почетната цена.