Втората генерација на Audi Q5 достапна и во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбата на втората генерација на Audi Q5 на македонскиот пазар е веќе почната преку Порше Македонија. СУВ возилото го комбинира спортскиот дух од лумузините на Audi, со карактер на теренско возило и флексибилен ентериер. Без разлика дали станува збор за поврзувањето, ефикасноста или системите за помош на возачот – новиот Audi Q5 уште еднаш поставува стандарди за својата класа.

Од 2008 година кога почна продажбата на првата генерација на моделот досега се продадени повеќе од 1,6 милиони возила. По осум години на ред е наследникот на најпродаваниот СУВ во класата.

Audi Matrix LED светлата му даваат нов дизјан. Веќе од далеку остава силен впечаток благодарение на овие предни светла. LED дневните светла се препознатливи. Тука е и атрактивниот динамичен изглед на трепкачите, како и камера која во оквир на границите на системот ги воочува возилата пред вас. За само неколку секунди светлата се прилагодуваат на новата ситуација и обезбедуваат оптимална видливост.

Нова е и предната маска со знакот на Ausi, како и силна хоризонтална линија која ги нагласува јачината и ширината на новиот Audi Q5. За возилото се достапни 14 различни бои, и три пакети н аопременост, Basic, Design и Sport, дополнети со S-line понуда која влијае на целокупниот изглед на моделот.

Audi Q5 од втората генерација е направен на MLB Платформата како и новите Audi A4 и A5, и благодарение на ултралесната конструкција е за 90 кг. полесен од претходникот.

Погонот на сите четири тркала quattro е со ултра технологија. Кај сите модели со четири цилиндри и константен quattro погон, интелегентната технологија го прави Q5 ефикасен, динамичен и сигурен за возење.
Доколку quattro погонот не е потребен тој самиот се исклучува и му помага на возачот при заштеда на гориво. Без оглед на тоа, погонот на сите тркала е секогаш достапен, и по потреба секогаш подготвен да се помогне. Quattro погонот дава сигурност со својата одмерена распределба на силата во различни услови и ситуации на патот.

Новиот Audi Q5 се нуди со три моќни и истовремено ефикасни моторои: два TDI мотори и еден TFSI мотор. Тие имаат повеќе моќ, а потрошувачката на гориво е значително намалена. Дизелскиот 2.0 TDI мотор се нуди со мотор со моќност од 190 КС и 400 Нм вртежен момент, потоа 3.0 литарскиот TDI има 286 КС и 620 Нм вртежен момент, а бензинскиот 2.0 TFSI мотор е со моќност од 252 КС и 370 НМ.

Цената на новиот Q5 е 49.989 евра за моделот Q5 BASIC 2.0 TDI Quattro S tronic.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK