Возевме Nissan Juke 1.0 DiG-T: Кросовер со кој почна револуцијата

ОБЈАВЕНО НА:

Ако за 10 години опстојување може да се каже дека се продадени 1,5 милиони возила, а Nissan бил еден од пионерите во тој сегмент сигурно ќе се согласите дека името на Juke се поврзува со авангардноста и неговата единственост. Мал однадвор - голем и простран врнатре. Тој тренд на кросовери што го наметна Nissan потоа го следеа многумина, па на пазарот се појавија над 20-тина модели со сличен изглед и намена. Секако, првиот најмногу се памети.

Според надворешниот дизајн новиот Juke e поатрактивен и помодерен од првата генерација. Оттогаш се поминати десет години и нормално е наследникот да биде во сите сегменти подобар. Изгледот сигурно му е еден од најоригиналните. Токму поради надворешниот изглед кој беше единствен, забележа толку добаr пазарен успех. И тоа беше почетокот на лавина други СУВ модели што се појавија. Nissan реши да го смени Juke, но да задржи многу од неговиот карактер, препознатливост да не се менува она по што Juke беше предводник, да не биде премногу екстравагантен и да остане допадлив на широк круг на купувачи, па да има уште поголем круг на вљубеници кои би сакале да го поседуваат.

Од надвор го гледате мал и сигурно коментирате дали е доволно конфорен, дали може да собере 4 или 5 патници, колку багаж може да се стави внатре. Ако претходната генерација за многумина беше „таман“, сега новата добива зголемување во димензиите што уште повеќе радува. Nissan Juke од втората генерација се темели на CMF-B платформата на Алијансата, и според големината се сместува во Б сегментот на автомобили. Возилото е тешко 1182 кг. односно 23 килограми полесно од претходната генерација.

Juke може да им биде интересен на оние возачи кои во овој сегмент го ценат специфичниот дизајн, современата технологија, но и практичноста. А сето тоа го има оваа втора генерација на Nissan Juke. И плус, безбедноста е на ниво, со оглед на петте ѕвездички на ЕуроНЦАП тестирањето. Но, и многуте технологии што му се од помош на возачот. Листата на таквите помагала кои се веќе нормална ставка во возилата, барем оние поквалитетните е навистина долга.

Од Juke не треба да очекувате дека ќе може да ве однесе на офроуд авантура, но без проблем ќе ги совлада сите градски пречки. Не е наменет за качување по тротоари, но и тоа го може без проблеми. Повеќе е наменет за улично возење.

Juke може да им биде интересен на оние возачи кои во овој сегмент го ценат специфичниот дизајн, современата технологија, но и практичноста

Мал однадвор – голем внатре

Димензиите се зголемени на сите страни, па сега должината е 4210 мм. (+ 75 мм), ширината е 1800 мм. (+ 29 мм), а висината е 1595 мм. (+13 мм). Најголемата промена се чуствува во меѓуоскиното растојание кое сега е 2636 мм. односно дополнителни 105 мм. во однос на претходната генерација. Колку е тоа значајно ќе ви потврдат патниците, особено оние на задните седишта. Не само за патниците, туку и за нивните работи. А патниците најмногу ќе се радуваат бидејќи просторот за колена на задната клупа сега е зголемен за 58 мм. а просторот за глава за 11 мм.

Кога сме кај бројките и внатрешноста, покрај патниците во багажникот ќе може да сместите и торби со зафатнина од 422 литри, што е за 20 отсто повеќе од претходно. Ако пак ги преклопите задните седишта (сооднос 60/40) тогаш вкупниот корисен простор се зголемува до 1305 литри. Добро Juke не е наменет за превоз на роба, но добро е да се знае дека ако затреба и тоа може да биде. Сега многу подобро е изведена и изработката и поставеноста на задната врата со што е подобрено внесувањето на предмети бидејќи отворот е зголемен за 29 мм.

Најголемата сличност со претходникот се страничните линии, а сега предниот дел е уште „понадуван“ а покривот е низок. Спортскиот шмек го нагласуваат 19 инчните алуминиумски бандажи и нископрофилните гуми со димензии 225/45. Од позади Juke останува конзервативен. Светлата се со гласичен облик исто како и браникот. Нашиот Juke може да се пофали со сериски LED предни и задни светла. Видливоста ноќе е подобрена благодарение на LED светлата со кои е зголемена видливоста за 10 метри, и според Nissan тоа се најдобрите во класата. Предниот изглед препознатливата масака V-motion.

Кокетира со спортските автомобили

Позицијата на седење и удобноста на седиштата е прилично добра. Седиштата се спортски, добро профилирани и конфорни. Новиот дизајн на ентериерот на втората генерација вклучува поквалитетни материјали од претходната генерација и амбиенталното осветлување, што придонесува за стилот и поголема удобност.
Самиот кокпит малку кокетира со спортските автомобили. Обликот на инструментите и нивната прегледност, па поставеноста на командите, отворите за вентилација упатуваат на спортските возила. Сигурно ќе ги забележите врвните аудио уреди Bosse Personal Plus со осум звучници, од кои по два се вградени во наслоните за глава на предните седишта.

Новите меки делови на таблата, украсите на вратите и теписите придонесуваат за врвното чувство. Седиштата направени во едно парче му даваат на автомобилот поспортски изглед и удобно се седи во нив, а каросеријата се вклопува доста добро во профилираната форма на седиштето.
Nissan заклучил дека клиентите кои избираат Juke очекуваат нивниот автомобил да се вклопи во нивниот поврзан живот. Затоа втората генерација е опремена со најнапредниот мултимедијален систем некогаш вграден во Nissan.

Сигурно ќе ги забележите врвните аудио уреди Bosse Personal Plus со осум звучници, од кои по два се вградени во наслоните за глава на предните седишта.

Најновата верзија на мултимедијалниот систем NissanConnect им овозможува на сопствениците да користат Apple CarPlay® или Android Auto за да ги прикажат своите омилени апликации од паметен телефон на гореспоменатиот интегриран 8-инчен екран на допир. Со апликацијата NissanConnect Services, сопствениците на Juke сега можат да проверат дали нивното возило е заклучено и да го отклучуваат или заклучуваат директно преку нивниот паметен телефон. Покрај тоа, можно е да активирате труба или светла преку апликацијата. За да бидат уште побезбедни, возачите можат да го проверат притисокот на гумите и нивото на маслото пред да патуваат.

Новиот Juke е компатибилен со Google Assistant и овозможува широк спектар на команди, вклучително и испраќање дестинации до системот за навигација на автомобилот со говорна команда на паметен телефон (во зависност од земјата).

Nissan Juke е достапен во пет нивоа на опременост – Visia, Acenta, N-Connecta, Tekna и N-Design. Моделот што го имав на тест беше во едно од највисоките нивоа, а тоа е Tekna. Стандардната опрема вклучена во ова ниво содржи – Intelligent cruise control, Intelligent driver alertness, Blind spot monitor, Rear cross traffic alert, автоматски клима уред, сензор за дожд, спортски седишта, амбиентално осветлување, 8-инчен екран на допир со навигација, предни и задни паркинг сензори, 360 степени паркинг камери, греење на предни седишта, full LED предни и задни светла, 19-инчни алуминиумски бандажи, затемнети стакла …..

Еден мотор – многу уживање

Во понудата на Nissan Juke постои само еден мотор. Тоа е трицилиндричниот 1.0 DiG-T 117 бензинец со работна зафатнина од 999 см3 (117 КС), најголем вртежен момент од 180 Нм. достапен во делот од 1750 до 4000 вртежи во минута.
Ние имавме модел со 6 брзини и со рачен менувач, кој е највистина добар. Забрзува до 100 км/ч за помалку од 11 секунди а најголемата брзина што може да ја постигне е 180 км/ч. Тоа го предвидува производителот. Ние го возевме повеќе на отворен пат, на автопат и се уверивме дека потрошувачката може да биде околу 5,5 литри без притоа да внимаваме на брзината, освен на сообраќајните прописи.

Во зависност од тоа кој мод ќе го користите, Standard, Eco или Sport така ќе се менува и однесувањето на моторот, во зависност од вашето расположение или условите на патот. На секое притискање на педалата на гаста соодветно ќе добиете одговор во зависност пд тоа што сте одбрале. Некогаш и самите ќе се запрашате дали навистина Juke има 117 КС. Изгледа како да нуди повеќе. Нерманините добро ги минува, на автопат се однесува како голем СУВ, стабилен и силен. Можеме да се согласиме дека новата генерација на Juke во многу погледи оди напред и нуди повеќе и она што е тренд во авто индустријата.

Juke оди напред, и нуди многу. Едноставно треба да го пробате и да се уверите зошто беше почеток на една револуција.
Сега Juke оди чекор плус.

Гаранција
* 3 години општа гаранција или 100.000 километри
* 3 години меѓународна европска гаранција
* 12 години антикорозивна заштита на каросеријата.
* 24 часа патна помош во гаранцискиот рок – Nissan Assistance

* ЦЕНОВНИК за Nissan Juke
* Каталог за Nissan Juke

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK