Volvo и Uber претставија заеднички беспилотен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската компанија Volvo и компаниајта за транспортни услуги Uber го претставија заеднички изработениот автомобил за автономно управување. Моделoт XC90 е првиот автомобил, кој може да се управува без притоа да има учество на човек, а сето тоа е со помош на системот за автономно управување на Uber.

Возилото е опремено со клучни системи за безбедност, како и со резерни системи за управувње и запирање и резервно напојување на батеријата. Во случај, основните системи да запрат да работат, резервните треба да почнат да дејствуваат.

Volvo XC90 располага со редица вградени сензори за безбедно возење во градската средина наменети за автономниот систем на Uber.

„Веруваме дека автономните технологии ни дозволуваат да ја подобриме безбедноста, која е главната мисија на нашата компанија. До средината на следната деценија очекуваме една третина од сите автомобили кои ги продаваме да бидат целосно автономни“, рече Хакан Самуелсон, претседател и извршен директор на Volvo Cars.

Автомобилската компанија размислува да користи сличен концепт и при производство на идните автономни модели во почетокот на 2020 година. Овие технологии ќе присуствуваат и во следните модели на Volvo и ќе вклучуваат функции, кои овозможуваат автономно возење без надзор по автопатиштата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK