Volkswagen ќе започне со продажба на автомобили преку интернет

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Volkswagen се реши да ги следи трендовите и да започне со продажба на автомобили преку интернет.

Со цел намалување на трошоците, зголемување на достапноста на своите автомобили како и следење на трендовите, германскиот производител во својата продажна стратегија го додаде и интернетот како нов канал за продажба. Со ова, покрај разните погодности, на купувачите ќе им бидат 24/7 достапни возилата на Volkswagen, а ќе добијат и 24/7 поддршка.

Оттаму додаваат дека новиот канал ќе биде насочен кон младата популација која најмногу користи интернет и купува преку интернет. Исто така се додава дека со воведувањето на интернет продажбата, нема да биде погоден традиционалниот начин на продажба односно продажно-изложбените салони нема да бидат затворени.

Веќе неколку месеци Ford во Кина автомобилите ги продава и преку интернет, а истото го прави и Tesla. Со овој потег, Volkswagen ќе стане третиот голем производител кој ќе започне со продажба преку интернет што секако ќе ги привлече и останатите производители на ист чекор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK