Во Русија ќе ги забранат старите автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Комитетот за економска политика и производство во руската Дума предлага во земјата да биде забрането движење на превозните средства кои „достигнале одреден рок на експлоатација“. Препораките во таа насока веќе се испратени и до Министерството за транспорт и производство и трговија, а автопроизводителите ја поддржуваат иницијативата.

Во предлогот не се конкретизирани на колку години ќе бидат автомобилите што ќе бидат запирани, а уште не е јасно и какви ќе бидат казните за возачите кои ќе ја прекршат забраната.

Од следната година во Русија влегува ограничување на максималната возраст на автобусите, кои превезуваат деца и тие ќе можат да бидат максимум десет години.

Според податоци од Државната инспекција за безбедност на патничкото движење (ГИБДД) од 60,5 милиони превозни средства во земјата 20,9 милиони се постари од 15 години, а 10 милиони се со возраст од над 10 години. Се очекува ограничуваето на возраста за тешките автомобили да биде 15 години.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK