Новата четврта генерација на Mercedes GLE ја имаше саемската премиера во Париз. Иако моделот беше претставен пред само неколку денови, сепак саемската премиера се одржа на саемот кој до 14. октомври се одржува во француската престолнина Париз.
Екстериерните разлики се воочливи на прв поглед, а од Mercedes наведуваат дека дизајнот на овој SUV е базиран на хармонична интеракција помеѓу емоциите и интелегенцијата и се карактеризира со безвременска убавина, комбинација од високо квалитетна технологија и изработка. На предниот дел се вградени попривлечни фарови како и редизајнирана решетка. Далеку попривлечен е и задниот дел кој сега го красат нови LED светла како и браник во кои одлично се вклопува издувниот систем.
Информациите пласирани на саемот кажуваат дека под хаубата ќе има 3.0 литарски мотор со девет степен автоматски менувач. Тука се наоѓа и т.н. благ хибриден погон, а максимално ќе се продуцираат 362 КС.
Инжинерите на Mercedes значително посветиле внимание на комфорноста која се огледа во зголемување на внатрешната пространост особено за патниците на задната клупа. Покрај ова значително е зголемен и багажниот простор кој сега изнесува максимални 2.055 литри.
“Голема е мотивацијата за нас да го направиме GLE уште подобар. Фамилиите ќе уживаат во додатниот простор, а бизнисмените ќе бидат среќни поради зголемената поврзаност, додека фановите однадвор ќе ги засакаат новите возачки способности” изјави одговорната за маркетинг и продажба кај германскиот прозиводител, Брита Зигер на саемската премиера.
Внатрешноста на моделот е високо опремена. Тука доминира MBUX инфотејментот со 12.3 инчна дигитална инструментална табла и исто толку голем централен екран осетлив на допир. Во опционалната опрема доаѓа и head-up дисплејот кој е 20% посветол вв однос на претходната верзија.
Во ниту еден случај недостасуваат и бројните системи за безбедност како што се Active Distance Assist Distronic, Acitve Stop and Go Assist, Acite Steering Assist, Active Distance Assist, Acite Brake Assist како и Active Blind Sport Assist. Овие системи кои произлегуваат од технолошкиот центар на Mercedes придонесуваат за безбедно возење во било кои услови на патиштата.
Во продажба, четвратата генерација од овој модел ќе се појави на почетокот на следната година и тоа во САД и Европа додека во Кина се очекува да започне следното лето. Во однос на производството, истото засега ќе се одвива само во фабриката на германскиот производител во Алабама, САД, а во зависност од побарувачката истото е можно да се прошири и во Индија и Индонезија.